Собранието дел од Глобалниот самит на Партнерството за отворена власт во Талин, Естонија



Делегација од Собранието составена од пратениците г-а Даниела Колева, г. Никола Мицевски и г-а Арта Биљали Зендели, генералната секретарка на Собранието г-а Цветанка Иванова, заменикот генерален секретар на Собранието г. Бојан Василевски, раководителот на Парламентарниот институт г. Златко Атанасов, како и претставници од партнерските организации за поддршка на Собранието, г. Роберт Скот Хејзлет и г. Едип Билал од НДИ, г-а Александра Јовевска од ИДСЦС и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Н.Е. Вероник Улман Марти,  учествуваат на осмиот глобален самит на Партнерството за отворена власт (ПОВ/OGP), што се одржува на 6 и 7 септември во Талин, Естонија.

ПОВ е глобална иницијатива за отворено и транспарентно управување со вклучување на граѓаните и граѓанските организации заради уверувањето дека дизајнирањето и спроведувањето на активностите и политиките на ваков начин доведува до подобри резултати.

Стратешкиот фокус на ПОВ за следните години ќе биде: градење на партнерства и вмрежување; отворена власт на сите нивоа и во сите гранки на власта; да се прошири и заштити граѓанското општество; забрзување на реформите за отворена власт со иновации, дигитализација и размена на искуства.

Во рамки на посетата беа одржани билатерални средби во парламентот на Естонија во врска со: дигитализација на услуги во парламентите, систем за е-петиција како дигитална форма за учество на граѓани и комуникација со јавноста преку веб страна, отворен ден во парламентот со сесии за анти-корупциски практики и политики.

Собранието, како законодавна власт, е дел на ПОВ од 2017 година и зад себе има два акциски плана, последниот е Акциски план 2021 -2023 Партнерство за отворена власт.

 


Gallery:

Another alt text
Another alt text
Another alt text
Another alt text
Another alt text